Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

Халк Банка предупредува за злонамерна кампања со цел злоупотреба на Вашите финансики средства !

28 дек. 2024 г.·2 мин читање·7552 прегледи

Следете не на Viber

Во текот на денешниот ден, сабота, 28 декември 2024 година, се одвива злонамерна кампања која има за цел да ги прибере Вашите броеви на картички, како и Вашите лични податоци, а со цел злоупотреба на Вашите финансики средства преку дигитализација на Вашите платежни картички, предупредуваат од Халк банка.

Нападот се одвива преку добивање на SMS порака која се претставува дека е од банката и бара од Вас на измамнички сајт да ги внесете Вашите податоци.

Адресата на сајтот е vasata-bezbednost-halkbank и истата е измамничка и на никој начин не е поврзана со банката.

Ве молиме да не кликате на линкот кој ќе го добиете во SMS, и да не ги давате Вашите податоци на посочената адреса. Исто така ВИ напоменуваме дека во иднина можно е да се смени адресата на измамничкиот сајт. Халк Банка АД Скопје никогаш нема од Вас да ги побара Вашите лични и подаотците за платежните картички на овој начин. Целокупната комуникација помеѓу банката и клиентите се одвива преку официјални канали кои се и потврдени од страна на банката.

Доколку веќе сте ги внеле Вашите податоци на измамничкиот сајт, Ве молиме ВЕДНАШ да се јавите во контакт центарот на Халк Банка АД Скопје, како би се преземале понатамошни активности за спречување на измамите.

Телефонскиот број на контакт центарот е +389 2 3296 330 и истиот Ви e на располагање 24 часа во денот, информираат од Банката.

Клучни зборови

  • злоупотреба на лични податоци
  • Халк Банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk