
Падот на продажбата го однесе Фруктал Мак во загуба
Со намалената продажба на овошни сокови и пијалаци, и на домашниот и на странските пазари, Фруктал Мак премина во негативната зона. Крајниот резултат за 2025 година е загуба од 85,6 илјади евра. Една година претходно билансот бил позитивен, со добивка од 25,3 илјади евра. Реализираните деловни активности обезбедиле оперативни приходи од 6,9 милиони евра. Пониски

