Општина Студеничани, сместена во јужниот дел од Скопскиот Регион, е една од руралните општини коишто во последниве години бележат стабилен економски раст. Иако е далеку од индустриски и урбано развиените центри, Студеничани е дом на бројни бизниси, особено од областа на прехранбената индустрија, трговијата, градежништвото и производството на пластика.
Според податоците што ги анализира порталот Пари од Бизнис Мрежа за 2024 година, компаниите што се топ 10 во општината оствариле вкупни приходи од над 41,1 милион евра, додека заедничката добивка на десетте најпрофитабилни компании изнесува малку над 4 милиони евра. Воедно, вкупниот број на вработени во десетте најголеми работодавачи е 309, со скромен раст од само 1 насто во однос на 2023 година.
ПОВЕЌЕ ИМА ПАД, ОТКОЛКУ РАСТ КАЈ ПРИХОДИТЕ
Највисоки приходи во 2024 година има Еуро Кувајт ДООЕЛ од Студеничани, позната по трговија на големо co дрва, градежен материјал и сани…