Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ДОБИВКАТА НА „ФРУКТАЛ“ КАКО ЧАША СО СОК – се празни, не се дополнува

31 јул. 2024 г.·2 мин читање·1584 прегледи

Следете не на Viber

Позитивни се резултатите од производството на овошните сокови во Фабриката „Фруктал Мак“. Но, не до толку за да го достигнат или да се вратат на нивото од пред две години, на пример.

Во првото годинешно шестмесечие остварена е нето-добивка од 1.323.000 денари или нецели 21.500 евра. За една година е намалена за 81,84 проценти, бидејќи лани во истиот период изнесувала 7.287.000 денари, односно над 118.000 евра. Разликата е уште подрастична доколку се спореди со првото полугодие од 2022, кога се зборувало за 41.544.000 денари, што значи за повеќе од 674.000 евра. Оттогаш профитот паднал за 96,82 отсто.

Тоа е логичниот исход на состојбата во која се намалуваат приливите на средства, а се зголемуваат трошоците, па речиси сосема се изедначуваат.

Од „Фруктал Мак“ наведуваат дека вкупните оперативни приходи изнесуваат 218.785.000 денари (3,55 милиони евра). На крајот од ланското прво полугодие биле 220.497.000 денари (3,57 милиони евра).

Најголем дел од приливите компанијата ги има од продажбата на сопствените производи. Во првите шест месеци од домашниот и од странските пазари се инкасирани 215.781.000 денари (3,5 милиони евра). Во однос на споредбениот период, намалувањето е за 41.700 евра.

Повисоки се само финансиските приходи, кои од ланските 8.600 се зголемиле на 22.900 евра.

Оперативните расходи, кои ја „пијат“ добивката, се на истиот праг како и приходите – 3,55 милиони евра. Се работи за нијанса, бидејќи сумата е 214.278.000 денари. На крајот од ланското прво полугодие изнесувале 3,4 милиони евра. Исто така, повисоки се и финансиските расходи, сега се 29.000, а пред една година биле 22.500 евра.

„Фруктал“ е познат бренд на овошни сокови и пијалаци што се произведуваат во еколошки чиста околина. Производите на „Фруктал Мак“ освен на домашниот терен, се пласираат на пазарите во регионот – во Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора.

 

 

 

 

 

 

Клучни зборови

  • добивка
  • прво полугодие 2024
  • приходи од продажба
  • финансиски резултати
  • Фруктал Мак
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk