
Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Движењата во надворешниот сектор се исклучително значајни за стабилноста на денарот
Геополитичките превирања и нивните можни ефекти врз синџирите на снабдување и светските цени, евентуалното поостро затегнување на глобалните финансиски услови, како и случувањата во финансиските системи во одделни економии и натаму се ризици за надолни проекции, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на предавањето што го одржа пред студентите на Економскиот факултет при Универзитетот
