Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Движењата во надворешниот сектор се исклучително значајни за стабилноста на денарот

23 мај 2023 г.·3 мин читање·345 прегледи

Следете не на Viber

Геополитичките превирања и нивните можни ефекти врз синџирите на снабдување и светските цени, евентуалното поостро затегнување на глобалните финансиски услови, како и случувањата во финансиските системи во одделни економии и натаму се ризици за надолни проекции, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на предавањето што го одржа пред студентите на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Предавањето е во рамките на редовната практика за споделување на макроекономските податоци со различни целни групи во јавноста.

„Според најновиот циклус макроекономски проекции на Народната банка, годинава се очекува стеснување на дефицитот на тековната сметка, како резултат на подобрувањето на надворешното окружување преку намалување на притисоците од трговската размена, а пред сѐ кај енергентите. Финансиските приливи и понатаму би биле солидни и би го покривале дефицитот на тековната сметка, но истовремено ќе бидат доволни и за зголемување на девизните резерви. Сепак, неизвесноста опстојува и потребно е внимателно следење“, наведе гувернерката.

На студентите им укажа дека движењата во надворешниот сектор се исклучително значајни за Народната банка, со оглед на монетарната стратегија на одржување стабилен девизен курс на денарот.

„Дефицитот на тековната сметка лани значително се прошири, главно како резултат на енергетската криза, односно увозот на енергенти по исклучително високи цени. Дел од овие притисоци беа ублажени преку високиот раст на дознаките од странство. Дознаките коишто беа значително погодени во периодот на пандемијата, во изминатиот период растеа со високи стапки на раст од 30 до 40%, со што во 2022 година достигнаа 2,4 милијарди евра, што е историски највисоко ниво. На среден рок се очекува дека тие и натаму ќе растат, но значително поумерено со од годишен раст од 3 до 4%. Очекувањата за намалување на притисоците кај енергентите, а со тоа и врз трговскиот дефицит, ќе придонесат за стеснување на дефицитот на тековната сметка во 2023 година за 2,4 п.п. од БДП на годишна основа, односно тој ќе изнесува 3,6% од БДП. Се очекува ваков тренд и на среден рок во услови на натамошна постепена стабилизација на цените на примарните производи и натамошно закрепнување на странската извозна побарувачка.

Финансиските нето-приливи во периодот 2023 ‒ 2025 година во целост би го финансирале дефицитот на тековната сметка и би придонесле за натамошен раст на девизните резерви, коишто за целиот период ќе останат на соодветно ниво. Странските директни инвестиции минатата година достигнаа 5,7% од БДП, што е една од повисоките стапки досега. Очекувањата за следниот период се дека тие и натаму ќе растат и во просек би изнесувале 3,7% од БДП на среден рок“, наведе гувернерката во презентацијата пред студентите.

Во рамките на посетата на штипскиот Универзитет, гувернерката на Народната банка се сретна со ректорот проф. д-р Дејан Мираковски и со проф. д-р Дарко Лазаров, при што се разгледани можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете институции во делот на истражувачката работа и макроекономското моделирање. Пред студентите, покрај Ангеловска-Бежоска се обратија и деканката на Економскиот факултет, проф. д-р Оливера Ѓоргиева Трајковска, како и проф. д-р Дарко Лазаров.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Универзитет Гоце Делчев
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk