Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Штипскиот Универзитет потпиша меморандум за соработка со дирекцијата за ТИР зони

28 авг. 2021 г.·2 мин читање·1748 прегледи

Следете не на Viber

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев”, Блажо Боев и директорот на Дирекцијата за развој на Технолошко индустриски зони, Јован Деспотовски потпишаа меморандум за соработка. Ректорот, Боев истакна дека целта на меморандумот е да се овозможи на студентите да влезат во фирмите во ТИР зоните низ земјава

„Ние како Универзитет имаме намера да правиме употребливи производи за индустријата, посебно за овие ТИР зони, кои се генератор за развојот во Македонија и мислам дека доминатниот дел од приходите се од таму, во делот на извозот“, вели Боев.

Посочи дека соработката со ТИР зоните е значајна, со цел студентите на УГД-Штип да најдат квалитетно вработување.

Директорот на ТИР зоните, Деспотовски истакна дека ова е чекор за отварање на нови можности и перспективи за младите, студентите. Најави дека ваква соработка ќе биде воспоставена и со останатите државни и приватни Универзитети во земјава, со цел младите да добијат вработување, но и солидни плати, кои ќе ги мотивиарат да останат во своите општини.

„Соработката подразбира заеднички да работиме и со компаниите во ТИР зоните на отварање на можности, секако практична работа на студентите, стекнување на вештини, второ да искомуницираме за сите можности, кои стојат на располагање, бидејќи пред нас се и нови инвестиции, во вредност од над 120 милиони евра, коишто треба да отварат над 2.000 нови работни места. Инсистираме на тие работни места платите да бидат над просекот“, вели Деспотовски.

Посочи дека има многу можности за соработка меѓу универзитетите, ТИР зоните и компаниите, кои се во нив. Деспотовски потенцираше иницијативата за соработка доаѓа од Универзитетот „Гоце Делчев”-Штип и е прв Универзитет во земјава, со кој се потпишува ваков меморандум.

Клучни зборови

  • Блажо Боев
  • Јован Деспотовски
  • Меморандум за соработка
  • Универзитет Гоце Делчев
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk