
СОВРЕМЕНИ УСЛУГИ, СТАРИ НАВИКИ – Зошто граѓаните го избегнуваат дигиталното банкарство?
Електронското и мобилното банкарство значат бесплатни или поевтини и дефинитивно побрзи платежни трансакции, но тоа не е доволно добра причина за граѓаните во земјава да ги користат. Македонските граѓани сѐ уште сакаат да одат по шалтерите во банките наместо да префрлаат пари и да плаќаат сметки онлајн. Не ги нервира чекањето на шалтер, ниту губењето


