Рекордните цени донесоа и рекорден износ на пари свртени со платежните картички од македонските граѓани во земјава и во странство. Но, високите цени веројатно не се единствениот фактор што ги принудува граѓаните да трошат повеќе пари. Тука се и нивните желби и навики да си дозволат поквалитетен живот, потреба којашто особено се наметна по КОВИД-пандемијата, која нѐ научи дека животот треба да се живее. Па, така, македонските граѓани по кризата соборуваат рекорди со своите картички, а со тоа придонесуваат трговците да соборуваат рекорди со своите профити.
Додека економијата се бори со рекордните скокови на цените, еден тренд не престанува да рас…