Платежните картички нема кој ги нема од граѓаните во земјава, но сѐ уште готовината сите ги прави посреќни. Иако вредноста на плаќањата со картички постојано расте, сепак не може да го достигне кешот. Вредноста на готовината повелечена од банкомат сѐ уште е далеку поголема, што значи дека граѓаните претпочитаат пари во џеб за сигурно, а картичката е за секој случај.
Дури ни помладите генерации, кои располагаат со најголеми лични месечни буџети, не се одвикнати од кешот и повеќе пари повлекуваат на банкомат, а помалку користат преку картичка. Порталот „Пари“ ги анали…