
Димитриеска-Кочоска: Капиталните расходи нема да се кратат, фискалната консолидација продолжува
Капиталните инвестиции нема да бидат жртва на фискалната консолидација. Напротив, според најавите од Министерството за финансии, ставката за капитални расходи во Буџетот за оваа година не се очекува да се намали, а можно е и нејзино зголемување. Истовремено, Владата останува на определбата за постепено намалување на буџетскиот дефицит и продолжување на фискалната консолидација. Ова го









