Најави се Зачлени се
Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Меѓународните агенции ја потврдија стабилноста на македонската економија

Katerina Panchevska·7 апр. 2026 г.·2 мин читање

Македонија го задржува стабилниот кредитен рејтинг, откако двете водечки меѓународни агенции во своите најнови редовни прегледи не направија никакви измени во оценката за земјата.

Во рамки на полугодишниот преглед, „Стандард и Пурс“ не објави ново ажурирање на рејтингот, што, според процедурите, укажува дека клучните економски и фискални параметри остануваат непроменети. Овој процес е дел од редовниот календар за оценување на суверените рејтинзи за регионот ЕМЕА.

Паралелно, Fitch Ratings минатиот месец ја спроведе својата ревизија, која заврши со статус „Review – No Action“, односно без промена на постојниот рејтинг и без дополнителен извештај.

Според последните официјални оценки, „Стандард и Пурс“ го задржува кредитниот рејтинг на земјата на ниво „BB-“ со стабилни изгледи, додека „Фич“ ја потврдува оценката „BB+“, исто така со стабилен изглед.

Овие оценки се сметаат за важен сигнал за меѓународните инвеститори, бидејќи укажуваат на стабилност во макроекономските политики, умерено ниво на јавен долг и способност на државата редовно да ги сервисира своите финансиски обврски.

Кредитните агенции во своите анализи нотираат дека економскиот раст е поттикнат од зголемените јавни инвестиции, особено во инфраструктурата, како и од растот на личната потрошувачка.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека потврдата на рејтинзите е значаен показател за довербата во економските политики на земјата.

„Ова е силен сигнал дека економските политики се движат во стабилна насока и дополнителен поттик за продолжување на реформите со цел одржлив раст и подобар животен стандард“, изјави таа.

Задржувањето на рејтингот во услови на глобална економска неизвесност дополнително ја потврдува отпорноста на домашната економија и континуитетот во водењето на фискалната политика.

Клучни зборови

  • Агенција Фич Рејтингс
  • макроекономски политики
  • Министерство за финансии
  • Стандард и Пурс
  • Фич
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk