Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Брз раст, брз пад: Пријава од граѓанин ја урна мрежата на Креди Јес

25 мај 2026 г.·4 мин читање·15588 прегледи

Следете не на Viber

Пријава од граѓанин била доволна за да почне вонредниот надзор што заврши со одземање на дозволата за работа на финансиското друштво Kреди Јес. Колкумина премолчеле забележани неправилности? Имало ли причина и порано, со одлука на Министерството за финансии, да се затворат 39-те филијали во 22 града низ Македонија? И, да се заштитат многумина кои евентуално заглавиле со брзите кредити подигнати од ова друштво?

Бугарската инвестиција, која во изминатите години агресивно се ширеше на пазарот на брзи кредити, остана без лиценца поради, како што соопштија од Финансии, „сериозни повреди на законски обврски“, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните.

ОД БУГАРИЈА ДО 39 ФИЛИЈАЛИ НИЗ МАКЕДОНИЈА

Во бизнисот на финансиите Креди Јес влегува во 2009 година. Во Бугарија стартува со потрошувачките кредити достапни за сите. На македонскиот пазар доаѓа во 2019 година со отворањето на првата филијала во Скопје и со паралелен старт на онлајн кредитирањето.

За само неколку години компанијата создаде широка мрежа низ државата и се приближи до илјадници луѓе, потенцијални клиенти: 9 филијали во Скопје, по 3 во Битола, Куманово и Тетово, по 2 во Гостивар, Прилеп и Струмица, со присуство во уште 13 градови. Во план било натамошно проширување „сѐ со цел поголема достапност на услугите за сите клиенти од Македонија“. Но, и далечината не претставувала пречка, бидејќи преку својата веб-страница, од Креди Јес препорачувале: „Ако сѐ уште не е блиску до Вас на располагање ви е контакт центарот каде може да се обратите како да аплицирате целосно онлајн за да ги имате средствата на Вашата трансакциска сметка“.

БРЗИ КРЕДИТИ ЗА ДОБРА ЗАРАБОТКА

Со години наназад, брзите кредити колку што беа лесно достапни, толку беа и причина за целосни финансиски крахови на личности и цели семејства. Страдаа и луѓе кои воопшто не виделе пари, затоа што нивните податоци биле злоупотребени. Моделот е едноставен – онлајн аплицирање, брза обработка и уште побрзо одобрување на бараните износи. Тој амбиент донекаде се промени со измените во Законот за финансиски друштва од 2023 година.

Финансиските друштва оценија дека новата регулатива е меѓу најстрогите во регионот и дека воведе ред во работењето. Посочуваа дека измамите со злоупотреба на личните податоци се сведени на минимум, како и дека при одобрувањето заеми нема скриени трошоци или ситни тешко читливи букви во договорот. Тврдеа – не се брзи кредитите, туку технологијата.

Во такви услови и Креди Јес ги кредитирала македонските граѓани. Во базата на Бизнис Мрежа се внесени податоците за нивното работење во периодот од 2021 до 2025 година.

Во 2021 година фирмата имала приходи од 287 илјади евра и 14 вработени. Само четири години подоцна, приходите достигнале 4 милиони евра, а бројот на вработени пораснал на 110.

Добивката во 2025 година изнесувала 1,14 милиони евра. Тоа е речиси 30 насто повеќе од претходната година.

На двапати е забележана загуба – во 2021 година од над 123 илјади евра и во 2023 година од 67,3 илјади евра.

Извор: Бизнис Мрежа

Министерството за финансии не објави детали од извршениот надзор, односно во соопштението наведе дека биле констатирани груби прекршувања на законските прописи, неправилности во односот кон корисниците и практики што ги изложувале граѓаните на ризик. Освен тоа, се  потенцира дека контролите врз финансиските друштва се засилуваат и годинава веќе се изречени 22 глоби за 16 друштва и имало 23 писмени наредби за отстранување неправилности.

Исто така, посочија дека се подготвуваат законски измени за дополнително заострување на условите за работа на компаниите што издаваат брзи кредити.

Сепак, во случајот со Креди Јес засега е нејасно како ќе се сервисираат постојните кредити и што ќе се случи со активните договори. Неизвесна е и судбината на стотината вработени.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

 

Клучни зборови

  • брзи кредити
  • добивка
  • креди јес
  • Министерство за финансии
  • одземена дозвола
  • приходи
  • финансиски друштва
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk