
MBA: Укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот
Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка. Членките на Македонската банкарска асоцијација едногласно заклучија: Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот. Банките и штедилниците продолжуваат да се грижат









