Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Банките преземаат активности за да излезат во пресрет на корисниците на субвенции за тутун

19 апр. 2020 г.·4 мин читање·1228 прегледи

Следете не на Viber

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека сите банки веќе преземат активности за соодветно да ги услужат своите клиенти – корисници на субвенции за тутун, коишто во текот на следната недела ќе имаат потреба од нивните услуги, притоа, максимално залагајќи се за заштита на јавното здравје.

Средствата од денес се достапни на сметките на сите клиенти – корисници на субвенции, на располагање да ги користат во согласност со своите потреби.

Корисниците на платежни картички со средствата можат да располагаат за плаќање во трговија или на банкоматите. За посебните термини за движење на овие клиенти надлежното министерство обезбеди повеќе информации.

Корисниците на субвенции коишто не поседуваат дебитна картичка, ако имаат потреба од подигнување готовина од субвенциите, тоа ќе можат да го извршат на благајните во експозитурите и филијалите на банките во коишто се нивните сметки, во општината во којашто живеат, според распоредот утврден од институциите, по азбучен ред, според почетната буква од презимето за физичките лица, односно почетната буква од називот за правните лица.

За распоредот клиентите ќе добијат и СМС порака од својата банка со информации кој ден да го користат доколку им е неопходно да ја посетат Банката.

Со цел подобро и поорганизирано процесирање на клиентите, кај дел од банките најавено е и продолжено работно време од вторник до петок (21-24 април) од 8 до 17 часот, во општините каде што живеат повеќе корисници на субвенции, и тоа:

– НЛБ Банка АД Скопје: Прилеп, Битола, Радовиш, Велес, Струмица, Кочани, Кавадарци и Неготино;
– Стопанска банка АД Скопје: Прилеп, Битола (Широк Сокак), Радовиш и Струмица.

Во другите општини, филијалите и експозитурите на сите банки ќе работат според претходно утврденото работно време.

Во општините во коишто банките ќе работат со продолжено работно време, при посета на филијала или експозитура заради подигнување готовина од исплатени субвенции, за корисниците на субвенции, движењето ќе биде овозможено до 18 часот за што соодветното Министерство ја информираше јавноста.

Притоа сите членки на Македонската банкарска асоцијација чии филијали/експозитури може да се очекува дека ќе бидат посетувани од корисници на субвенции информираат дека:

– Ќе работат со зголемен капацитет, притоа запазувајќи да имаат на располагање резервни тимови;
– На клиентите ќе им овозможат средство за дезинфекција при влез во експозитурата/филијалата;
– Ќе бидат ангажирани поголем број на редари од вообичаено за запазување на редот и соодветното растојание помеѓу клиентите.

Од МБА апелирааат до сите корисници на субвенции коишто ќе имаат потреба од користење на банкоматите, филијалите и експозитурите, да се придржуваат до мерките за самозаштита (користење на ракавици и маски) и да ја запазуваат потребната физичка дистанца од другите лица, заради заштита и на сопственото, и на здравјето на другите.

Со цел да се намалат гужвите, како и поради заштита на јавното здравје, од МБА ги замолуваат сите други клиенти на банките, во текот на следната недела, да ги земат во предвид овие информации при планирање на посетата на банките.

Македонската банкарска асоцијација ја уверува јавноста и клиентите дека сите банки преземаат и ќе преземаат активности во рамки на својот максимум за заштита на здравјето на своите клиенти.

Клучни зборови

  • банки
  • Домашни банки
  • исплата на субвенциите за тутун
  • Македонска банкарска асоцијација МБА|Месец на штедење|министер за финансии|Нина Ангеловска|штедење
  • Субвенциите за тутун
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk