Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Македонската банкарска асоцијација(МБА): Банките предвремено ќе ја исплатат и августовската пензија

24 авг. 2020 г.·2 мин читање·5243 прегледи

Следете не на Viber

Македонската банкарска асоцијација(МБА) ја известува јавноста дека банките и овој месец  предвремено ќе ја извршат исплатата на августовските пензии.

Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе во среда, 26 август 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија.

Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, ќе се спроведе во групи, според следниот распоред:

  • во среда, 26 август – пензии во висина до 11.000 денари;
  • во четврток, 27 август  – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • во понеделник, 31 август  – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • во вторник, 1 септември  –  пензии во висина над 18.000 денари.

Овој распоред важи и за корисниците на пензии од „Еуростандард банка“ АД Скопје кои до 21.8.2020 година отвориле трансакциска сметка во банката преку која што би сакале во иднина да им се врши исплата на пензијата.

За корисниците на пензии кои од „Еуростандард Банка“ АД Скопје ќе се префрлат во друга банка по 21 август  банките ќе обезбедат дополнителни исплати на 07.09.2020, 14.09.2020 и 25.09.2020 година.

Потсетуваме дека корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите треба да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца.

Клучни зборови

  • Еуростандард банка АД Скопје
  • Исплата на пензии
  • Македонска банкарска асоцијација МБА|Месец на штедење|министер за финансии|Нина Ангеловска|штедење
  • Предвремена исплата на пензии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk