
СЕНЗАЦИОНАЛНА КРАЖБА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ВО ИТАЛИЈА: Во Парма се украдени слики од Реноар, Сезан, Матис
Спектакуларна кражба на уметнички дела го осиромаши еден од најзначајните културни центри во северна Италија. Во Фондацијата Мањани Рока, во Мамијано ди Траверсетоло, во покраината Парма, украдени се неколку ремек-дела со највисока уметничка и економска вредност што припаѓаат на постојаната колекција. Меѓу украдените дела е и „Поасони“, масло на платно од Пјер-Огист Реноар создадено во










