Хакери повторно украле криптовалути вредни 24 милиони долари
Trajko1 мин читање

Хакерскиот напад се случи вчера и беше потврден од администраторот на “Harvest Finance”. Според тие тврдења, хакерите инвестирале голема количина на криптовалути, а потоа користеле експлоатација за да ги канализираат средствата од платформата во нивните дигитални паричници. Две минути по нападот, хакерите успеале да вратат 2,5 милиони долари на платформата од досега непознати причини.
Администраторите на Harvest Finance тврдат дека хакерите оставиле голема количина на информации што ќе им помогнат да ги идентификуваат и се сомневаат дека тие се „добро познати личности во крипто заедницата“.