Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mk

Тешка кражба во Гостивар: Од банкомат одзеле 1.800.000 денари

11 јан. 2021 г.·2 мин читање·5027 прегледи

Следете не на Viber

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која се опфатени пет лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 и 2 од Кривичниот законик.

Осомничените, четворица македонски државјани и една државјанка на Република Албанија, се здружиле и на 01.12.2020 година, со кршење и провалување, украле пари од банкомат сопственост на една деловна банка, поставен во мега-маркет на улицата „Илинденска“ во Гостивар.

Неколку дена претходно, првопријавениот и петтопријавената го неутрализирале сензорот на алармниот систем во маркетот. Потоа, на критичниот ден, четворицата осомничени македонски државјани, со подесни предмети – хебли и физичка сила ја отвориле автоматската влезна врата на маркетот. Со хеблите и со батериска брусилица делувале врз банкоматот, насилно го отвориле капакот, а потоа и сефот кој се наоѓа во долниот дел. Од банкоматот одзеле четири касети во кои имало вкупно 1.800.000 денари и го напуштиле местото.

Надлежниот јавен обвинител за четворица осомничени до судијата на претходна постапка од  Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор, додека еден од осомничените веќе се наоѓа во притвор, бидејќи му е поведена постапка за слично кривично дело извршено во Кичево. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на четворицата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена. За двајца од нив притворската мерка се применува, додека за првоосомничениот и петтоосомничената, кои се во бегство, притворот ќе започне да се применува по нивното лишување од слобода.​

Клучни зборови

  • банкомат
  • гостивар
  • Кражба
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk