
ДИЈАСПОРАТА СÈ УШТЕ ПОМАГА, но бројките опаѓаат
Додека илјадници семејства во Македонија секојдневно го чувствуваат притисокот од високите трошоци за живот, парите што пристигнуваат од странство и понатаму се една од најважните финансиски потпори за домашната економија. Дознаките од македонската дијаспора минатата година достигнаа околу 310 милиони евра, што претставува приближно два процента од бруто-домашниот производ. Иако Македонија и натаму бележи суфицит
