Падот на дознаките од македонските иселеници во 2024 година го отвора прашањето што одамна се насетува: дали Македонија само се празни од луѓе или истовремено ги губи и економските врски со својата дијаспора? Трендот вели дека сè повеќе луѓе се иселуваат, а дознаките што ги испраќаат назад се помали.
Официјалните податоци од пописот покажуваат дека за 20 години населението е намалено на 1,8 милиони жители. Но, реалната бројка на отселени можеби е уште поголема: според процените, само во последните 4-5 години државата ја напуштиле околу 150.000 луѓе. Се поставува прашањето ‒ дали овие луѓе се трајно отселени заедно со своите семејства, што би објаснило зошто повеќе не испраќаат пари, или, пак, зголемените трошоци за живот во странство ги приморуваат да трошат повеќе таму и да заштедат помалку за своите блиски до…