
НЕДОСТИЖНА НА ВРВОТ: Акцијата на Комерцијална банка 12 месеци е број 1
Акцијата на Комерцијална банка дванаесет месеци по ред е најтргувана на македонскиот пазар на капитал, објави Македонска берза во последниот билтен за декември. Просечната цена што ја достигнала акцијата на најголемата македонска банка е 11.512,40 денари, а биле истргувани 10.096 акции на таа банка. Со акциите на Комерцијална банка бил направен промет од 116.229.179 денари или 1.886.426 евра, а нејзиното




