Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Со кои три акции на Македонска берза се свртеа над 6,2 милиони евра?

7 јун. 2022 г.·2 мин читање·2771 прегледи

Следете не на Viber

Петти месец по ред, најтргувани акции на официјалниот пазар се акциите на Комерцијална Банка АД Скопје со истргувани 14.470 акции  со просечна цена од 12.366,72денари и остварен е промет од 178.946.396 денари или 2.900.926 евра. Акциите на македонскиот фармцевтски гигант Алкалоид АД Скопје се позиционираа на второто место каде количински се истргувани 8.698 акции по просечна цена од 17.599,66 денари и се свртеле 2.483.381 евра или 153.081.853 денари. Во месец мај, третото место успеа да го задржи Гранит Скопје кој ги запиша следниве бројки: истргувани 35.984 акции по просечна цена од 1.434,34 денари каде реализиран е промет од 51.613.307 денари или 836.594 евра.

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.05 – 31.05.2022 година вкупниот промет изнесувал 577.516.979 денари и е намален за 40,11 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 497.949.423 денари и е намалено во однос на април за 14,44 отсто кога изнесувало 581.998.067 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 489.718.003 денари и обврзници во вредност од 8.231.420 денари.

Блок трансакциите во мај изнесувале 79.567.556 денари и се намалени за 79,19 отсто во однос на април.

Бројот на трансакции во мај изнесувал 1.687 и е намален за 8,96 отсто во однос на април кога изнесувал 1.853. Најмногу трансакции се направиле со акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Гранит.

Во топ 5 најтргувани акции во месец мај се впишаа НЛБ Банка и Макпетрол Скопје.

Количински најтргувана акција беше акцијата на Гранит Скопје со 35.984 тргувани акции.

Кај брокерските куќи, Еурохаус АД Скопје во месец мај оствари вкупен промет од 343.978.553 ден, додека ИЛИРИКА ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје оствари промет од 285.150.419 ден, а веднаш зад неа е Комерцијална банка АД Скопје вкупен промет од 140.184.175 ден.

Месечниот статистички билтен за мај 2022 година можете да го погледнете тука.

 

Клучни зборови

  • акции
  • Берза
  • билтен
  • комерцијална банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk