Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

САМО ЕДНА АКЦИЈА НАД МИЛИОН ЕВРА ПРОМЕТ – што се случува на Берзата?

6 јун. 2026 г.·3 мин читање·2279 прегледи

Следете не на Viber

Негативниот тренд продолжи и во мај на Македонска берза, каде што опаднаа и активноста и прометот. Намалена е активноста, гледано преку бројот на трансакциите, за 15,51 отсто. Реализирани се 1.307 купопродажби од каде што прозлегол промет од околу пет милиони евра, за 17,70 отсто понизок на месечно ниво.

Единствено непроменет останал уделот на петте најтргувани акции во вкупниот промет – 78 отсто, иако нивната апсолутна вредност е намалена. Мо мај имаат заедничко остварување од 3,9 милиони евра.

Најголем дел од прометот повторно доаѓа од Комерцијална банка, со учество од 46,87 отсто. Забележани се 526 трансакции со 4.883 акции, со промет од 2,12 милиони евра. Цената за акција се движела од минималните 26.000 до максималните 27.496 денари, со месечен просек од 26.846,99 денари.

Акцијата на Комерцијална банка е единствената со промет поголем од еден милион евра во текот на мај.

Интересот на инвеститорите предизвикал промена – на втората позиција е акцијата на Македонски телеком. Истргувани се 85.922 акции по цена од 500 денари. Реализирани се 188 трансакции, а достигнатите 696,34 илјади евра во вкупниот промет зафаќаат 15,36 отсто.

Со акцијата на Алкалоид се тргувало 156 пати во текот на месецот. Притоа, најниската цена за акција изнесувала 24.700 денари, највисоката 25.999 денари, со просек од 25.247,38 денари. Во  1.190 акции вложени се 486,98 илјади евра, што претставува 10,74 отсто од берзанскиот промет.

Со 430 акции на НЛБ банка, преку 103 трансакции, направен е промет од 401,81 илјада евра. Месечниот ценовен распон бил од 57.000 до 58.003 денари, од каде излегува и просекот од 57.651,76 денари. Во прометот партиципира со 8,86 отсто.

Уделот на Макпетрол во месечниот промет е 5,04 отсто. Прометот од 228,55 илјади евра е обезбеден преку 61 трансакција, низ кои се истргувале 125 акции. Најниската цена за акција била 111.501 денар, а највисоката 113.000 денари. Акцијата го завршила месецот на просечно ниво од 112.805,58 денари.

Податоците од мајскиот билтен на Македонска берза покажуваат дека во класичното тргување прометот опаднал за 20,11 отсто, со износ од 4,57 милиони евра. Во тие рамки, прометот остварен од тргувањето со акции се намалил за 16,89 отсто – на 4,54 милиони евра, кај обврзниците за 52,07 отсто (24,26 илјади). Само кај блок-трансакциите има раст. Регистрирани се пет (+ 66,67 %): три со акции на Комерцијална банка и по една со акции на Иново статус и на ВВ Тиквеш. Остварениот промет од 421,33 илјади евра е за 221,43 насто повисок во споредба со април.

Клучни зборови

  • билтен
  • мај
  • Македонска берза
  • месечен промет
  • тргување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk