
XIAOMI ЗА ПРВ ПАТ СО ПРОФИТ ОД 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ остварени од бизнисот со електрични возила
Кинескиот Xiaomi објави дека неговиот бизнис за електрични возила остварил профит за прв пат. Одделот за електрични возила на компанијата остварил профит од 700 милиони јуани (100 милиони американски долари) во септемврискиот квартал, во споредба со загуба од 300 милиони јуани во претходниот квартал. Приходите од секторот достигнаа рекордно високо ниво, се вели во соопштението










