Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

XIAOMI ЗА ПРВ ПАТ СО ПРОФИТ ОД 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ остварени од бизнисот со електрични возила

19 ное. 2025 г.·3 мин читање·2568 прегледи

Следете не на Viber

Кинескиот Xiaomi објави дека неговиот бизнис за електрични возила остварил профит за прв пат. Одделот за електрични возила на компанијата остварил профит од 700 милиони јуани (100 милиони американски долари) во септемврискиот квартал, во споредба со загуба од 300 милиони јуани во претходниот квартал.

Приходите од секторот достигнаа рекордно високо ниво, се вели во соопштението на компанијата, додека вкупните приходи за кварталот јули-септември достигнаа 113,1 милијарди јуани, што е зголемување од 22 проценти во однос на истиот период претходната година.

Xiaomi, кој го изгради своето име врз широк спектар на прифатливи производи, вклучувајќи паметни телефони, таблети и домашни апарати, е новодојденец во преполната област на електрични возила, откако го прормовиаше својот прв модел минатата година.

Исто така, се приклучи на жестоката трка за развој на алатки за вештачка интелигенција во април кога претстави генеративен модел креиран во компанијата.

Xiaomi го продаде својот прв електричен автомобил во Кина – SU7 – во 2024 година, а го лансираше својот електричен теренец YU7 претходно оваа година.

Порано оваа година, исто така, собра 5,5 милијарди долари за финансирање на своите планови за проширување на електричните возила.

Компанијата се стреми кон влез на европскиот пазар во 2027 година.

Во септември, Xiaomi го отвори Центарот за истражување и развој (R&D) и дизајн на Xiaomi EV Europe во Минхен, Германија – својот прв таков објект надвор од домашниот пазар.

Но, претседателот на компанијата, Лу Веибинг, предупреди дека притисокот во синџирот на снабдување поврзан со зголемувањето на цените на мемориските чипови ќе влијае на пазарот на паметни телефони следната година.

И покрај оптимистичките квартални резултати, цената на акциите на Xiaomi се намали за повеќе од 20 проценти во текот на изминатите шест месеци.

Аналитичарите велат дека пречките за компанијата вклучуваат побарувачка за технологија со вештачка интелигенција, што ги зголемува цените на мемориските чипови што се користат во паметните телефони и другата технологија за домаќинството. „Верувам дека притисокот ќе биде многу поголем од оваа година“, рече претседателот на Xiaomi, Лу Веибинг, во вторникот за ова прашање.

Ценовните војни и песимизмот околу кинеската економија, исто така, ги замаглуваат перспективите.

Пекинг се бори со бавното домашно трошење од крајот на пандемијата, а продолжената долговна криза во секторот за недвижности влијае на расположението на потрошувачите.

Клучни зборови

  • Xiaomi
  • Xiaomi SU7
  • Вештачка интелигенција
  • електирчни возила
  • Кина
  • Пекинг
  • субвенции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk