Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

Зад успехот на Xiaomi со електричниот SU7 стои – стравот од санкции на САД!

25 јул. 2024 г.·2 мин читање·312 прегледи

Следете не на Viber

Стравот од американските санкции го принуди Xiaomi да го изгради својот прв електричен автомобил, изјави основачот и прв човек на компанијата Леи Џун. Производителот на паметни телефони се одлучи на овој потег откако беше на црната листа во 2021 година по налог на администрацијата на Трамп.

Зборувајќи на настан во Пекинг во петокот, Џун ја откри вистинската причина за влезот на компанијата на пазарот на електрични автомобили:
“Добив повик од пријател кој ми кажа дека сме под санкции. Тоа беше како гром од ведро небо”, изјави Леи Јун, додавајќи дека извршниот одбор на компанијата тој ден се состанал итно и ги направил првите планови за електричниот автомобил.

Четири месеци подоцна, во потег што претставуваше вистински преседан за кинеските компании, Xiaomi успеа да ја поништи одлуката за црната листа на суд, само два месеци откако му ги претстави на светот своите планови за влез на пазарот на електрични возила на четири тркала.
Според Јун, Xiaomi планира да потроши околу 10 милијарди долари во текот на својот 10-годишен план за овие потреби, што ќе биде „последниот голем претприемачки проект во неговиот живот“. Од таа сума, 756 милиони долари веќе се потрошени за изградба на фабрика во Пекинг, каде сега се произведуваат електрични автомобили SU7. Компанијата првично ја користеше лиценцата на BAIC за производство, но со овој потег се здоби со своја.

Во јуни, фабриката на компанијата во Пекинг воведе втора смена за производство на Xiaomi SU7. Технолошкиот гигант успеа да им испорача над 30.000 електрични автомобили на своите клиенти од почетокот на продажбата оваа пролет, а планот е да ја достигне бројката од 100.000 до 120.000 испорачани единици до крајот на 2024 година.

Клучни зборови

  • Xiaomi
  • Xiaomi SU7
  • Доналд Трамп
  • САД
  • санкции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk