
БЕСПЛАТНИОТ РАЧЕН БАГАЖ ДА СТАНЕ СТАНДАРД: ЕУ подготвува нови правила во полза на патниците, авиокомпаниите огорчени
Бесплатниот личен багаж со тежина до седум килограми треба да стане стандард за патниците во авионите во Европа. Транспортниот комитет на Европскиот парламент поддржа голема промена во прописите за воздушно патување, гласајќи за нови правила што ќе бараат од авиокомпаниите да им дозволат на патниците да носат две торби бесплатно. Овој потег има за цел







