Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

НОВИ ХОРИЗОНТИ: Авионската линија од Скопје до Париз „Орли“ стартува од денес

2 апр. 2025 г.·2 мин читање·1563 прегледи

Следете не на Viber

Нискобуџетната компанија EasyJet се врати на македонскиот пазар со воведување летови меѓу Париз „Орли“ и Скопје. На Меѓународниот аеродром во Скопје денес ќе слета авион со што официјално ќе биде означен почетокот на новата авиолинија од аеродромот „Орли“ кој се наоѓа на дваесетина километри од центарот на Париз.

Со новата услуга оваа авиокомпанија се враќа во Скопје по прекинот на операциите од Женева минатата година. Понатаму, ќе ја прошири врската меѓу Македонија и Франција, која ќе расте заедно со планираните нови летови на Wizz Air до Лион. EasyJet влезе на македонскиот пазар во ноември 2021 година, поттикнат од брзото закрепнување на секторот „Посетете пријатели и роднини“ за време на пандемијата на коронавирус.

EasyJet ќе се соочи со индиректна конкуренција на рутата. Wizz Air одржува услуги меѓу Скопје и „Бове“, рекламирани како Париз, но аеродромот е речиси деведесет километри од центарот на градот. Од друга страна, „Орли“ се наоѓа на дваесетина километри од центарот на Париз.

Според ТАВ Македонија со оваа нова авиолинија, патниците на скопскиот аеродром ќе имаат бенефит да патуваат на еден од најфреквентните аеродроми во Франција кој нуди бројни домашни и европски летови.

ЕasyJet има база во „Орли“ и е четврта по големина авиокомпанија на аеродромот.

ЕasyJet претходно соопшти дека не е вознемирен од присуството на Wizz Air на македонскиот пазар.

„Нашата компанија е фокусирана на својата успешна стратегија за ширење низ Европа и работи во најдобар интерес на компанијата и нејзините клиенти обезбедувајќи ја привлечноста на својата мрежа. Тоа значи дека авиокомпанијата ги концентрира своите напори на одржување и развој на рути кои се покажуваат популарни кај патниците. Ја разгледуваме конкуренцијата само во поглед на тактичките можности кои можат да бидат комплементарни на нашата стратегија“, велат од EasyJet.

Скопскиот аеродром претходно рече дека една од неговите главни цели е да обезбеди непрекината поврзаност со големите европски градови и големите центри.

Клучни зборови

  • easyJet
  • париз
  • скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk