Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ТРЕТА ВОЗДУШНА КОНЕКЦИЈА СО ШВАЈЦАРИЈА: Попладнево со патници од Женева за прв пат слетува ИзиЏет

1 ное. 2021 г.·3 мин читање·822 прегледи

Следете не на Viber

Изиџет (еasyJet), водечката европска авиокомпанија според мрежата на авиолинии, за прв пат денеска попладне ќе слета на скопскиот аеродром. Слетувањето на првиот лет од Женева на Меѓународниот аеродром Скопје е предвидено за 15:05 часот.

Првите патници ќе бидат пречекани од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак.

Македонскиот главен град ќе се поврзува со швајцарскиот главен град три пати неделно, односно секој понеделник, четврток и петок, од 1-ви ноември 2021 до 25-ти март 2022 година. 

Авиобилетите се пуштени во продажба преку веб-страницата на Изиџет (easyJet) https://www.easyjet.com/en, со цени што почнуваат од 1 476 денари* за авиобилет во една насока.  Како што изјавија од Изиџет (easyJet), оваа нова сезонска авиолинија ќе им овозможи на клиентите да ги посетат своите семејства и пријателите, или да го откријат градот на раскрсницата на Балканот, богат со повеќе влијанија, како и со бројни културни и природни локалитети. 

 Женева ќе биде третата дестинација од Швајцарија со која од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе има воздушна конекција, по Цирих и Базел.   

Со зимскиот распоред на летање, што стапи во сила на крајот на минатиот месец, покрај линијата Скопје Женева на „Изиџет”, се предвидени летови од Скопје и до Болоња, Торино и Билунд, што ќе ги реализира нискобуџетната Визер, која исто така воведува нова линија и од Охридскиот аеродром до Фридрихсхафен.

ТАВ Македонија: За девет месеци зголемен број на патници за 57 проценти во однос на истиот период лани

Податоците на ТАВ Македонија покажуваат дека во периодот јануари-септември, двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 994 237 патници, што е 57-процентно зголемување во однос на истиот период од 2020. Во исто време, вкупниот број на патници за првите девет месеци од годинава е намален за 52 проценти, споредено со истиот период од 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата, бидејќи до почетокот на пандемијата бележеа постојан пораст на патничкиот сообраќај.

На двата аеродрома во првите девет месеци од годинава се реализирани 11.203 лета, што претставува 61 процент зголемување споредено со истиот период од 2020 година, но е за 34 проценти помалку споредено со истиот период во 2019 година.

Клучни зборови

  • easyJet
  • женева
  • прв лет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk