
Работникот работи, а е сѐ посиромав: Со штрајкови и блокади до минималец од 600 евра
Државата наскоро ќе се соочи со работничкото незадоволство и со барањата за минимална плата од 600 евра. Исто така, и за зголемување на сите останати плати за по 100 евра. Сојузот на синдикатите најави дека со протестите ќе се стартува во втората половина од месецов. Ќе има блокади на улици и штрајкови во повеќе институции.



