Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Германските пристанишни работници прифатија прекин на тримесечните штрајкови

30 авг. 2022 г.·2 мин читање·3814 прегледи

Следете не на Viber

Синдикатот на германските пристанишни работници и здружението што ги претставува операторите на поморските пристаништа се согласија со условите за нов договор по еден од најдолгите работни спорови во Германија во последните децении. Привремениот договор дојде само три дена пред да истече мораториумот од Судот за труд во Хамбург и да ја отстрани заканата од понатамошни штрајкови кои ги попречуваат операциите во сите пристаништа на Северното Море од јуни.

Во зависност од нивните позиции, работниците во контејнерските операции во просек ќе добиваат зголемување на платата за 9,4 отсто, вклучувајќи ги и бонусите ретроактивни до 1 јули. „Ова е многу добар резултат. Наша најважна цел беше реалниот инфлациски надоместок за вработените да не останат сами со последиците од галопирачките поскапувања. Успеавме да го направиме тоа“, рече преговарачката на ver.di, Маја Швигерсхаузен-Гут по последната рунда колективни договарања што заврши на 23 август, препорачувајќи им на членките да го прифатат договорот, кој треба да биде финализиран на 5 септември.

Првиот од таканаречените „предупредувачки штрајкови“ во последните децении беше спроведен од членовите на синдикатот на 9 јуни во обид да се изврши зголемен притисок врз Zentralverband der deutschen Seehafenbetriebe (Здружението на германските оператори на поморски пристаништа) се зборуваше дека е закочено покривајќи 58 колективни договори. Во следните недели, синдикатот Ver.di (Синдикатот на Обединетите услуги) се обиде дополнително да го зголеми притисокот преку серија на последователни штрајкови.

Прашањето дојде до израз по седум неуспешни рунди преговори кога ЗДС се обрати до судот за работни односи. Наведувајќи ја пошироката штета на економијата и прекините на синџирот на снабдување, судот им нареди на двете страни да се вратат на преговарачка маса и постави мораториум на понатамошни штрајкови до 26 август.

Клучни зборови

  • Германија
  • инфлација
  • пристаништа
  • штрајкови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk