
ЕДНА ОД НАЈУСПЕШНИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ: Мицкоски очекува приходите на охридски Костал во иднина да достигнат до 500 милиони евра
Германската компанија Костал претставува една од најуспешните странски инвестиции во Македонија и значаен двигател на домашната економија, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешното одбележување на јубилејот на охридската фабрика. Тој нагласи дека „Костал“ е меѓу петте компании со најголем извоз во државата и има директно влијание врз македонскиот домашен бруто производ. Една деценија и пораст










