Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

МИЦКОСКИ: ПОВЕЌЕ ОД МИЛИЈАРДА ИНВЕСТИРАНИ, делницата Кичево-Охрид готова најдоцна на почетокот на 2027

15 мај 2026 г.·2 мин читање·2925 прегледи

Следете не на Viber

Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам да делницата Кичево-Охрид биде завршена некаде, еве најдоцна да речеме, првиот квартал од следната година, нешто што беше заборавено, изјави премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Кичево. „И, ај што беше заборавено, туку беше и уништено. Па сега разгледуваме можноста конечно и за таму да има одговорност, зошто тоа така се оставило тоа на забот на времето“, нагласи тој.

А исто така во напредна фаза сме, слушнавте и од самиот изведувач на патот, практично од Гостивар до Букојчани, дека сме во напредна фаза за реализација и на таа делница, веќе би рекол, повеќе од вкупниот број, мислам триесетина километри, мислам дека половината е веќе пробиена.

А што се однесува до урбанистичкиот сегмент, имотно-правните односи се целосно заокружени. Така што изведувачот може да работи и да го заврши и тој дел од автопатот.“

Минатата недела, претседателот на Владата, Мицкоски, заедно со министерот за транспорт Александар Николоски изврши обиколка на градежните работи на автопатските делници Гостивар-Букојчани и Кичево-Охрид.

На делницата до Охрид во изминатиот период се изградени 37 километри автопат, од кои 34 километри се веќе пуштени во сообраќај на делниците Пресека – Песочани и Требеништа – Охрид. Активно се работи на вијадукти, галерии, паралелни пристапни патишта, како и на поставување заштитни мрежи и еластична одбојна ограда.
Како што информираше премиерот Мицкоски, на терен во просек се ангажирани околу 950 работници и повеќе од 400 машини и механизација, со цел проектот да се реализира согласно предвидената динамика.
Дел од трасата е веќе пуштен во сообраќај, а на терен секојдневно се изведуваат интензивни градежни работи.
(Фото: градежни работи на делницата Кичево-Охрид, Фејсбук профил на Христијан Мицкоски)

Клучни зборови

  • автопат Кичево-Охрид
  • Коридор 8 и 10д
  • Христијан Мицкоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk