Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Владата се приближува до препораките на експертите – Чебрен и Галиште да ги гради државата

9 јун. 2026 г.·3 мин читање·1682 прегледи

Следете не на Viber

   По серијата обиди и пропаднати преговори и тендери, хидроенергетскиот проект Чебрен и Галиште би можел да се реализира самостојно од државата, без вклучување приватен партнер, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека Владата е блиску до конечна одлука за ваков пристап.

Според проценките, вкупната вредност на инвестицијата би достигнала околу 1,5 милијарди евра, додека анализите покажуваат внатрешна стапка на поврат повисока од 10 проценти, што го прави проектот економски оправдан.

Премиерот нагласува дека се работи за стратешки проект, не само за Македонија, туку и за целиот регион. Покрај зголемувањето на производството на електрична енергија, како уште поважен ефект ја посочува можноста за создавање два големи резервоари на питка вода, што, според него, има суштинско значење во контекст на климатските промени.

„Една од иницијативите што ја имаме е сами како држава да го градиме целиот тој комплекс на централи на реката Црна над постоечката Тиквеш, во јавноста познат како проект Чебрен и Галиште. Направивме пресметки и цениме дека ова е стратешки проект, не само за Македонија како држава, туку и за регионот“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека досегашните обиди со приватни партнери и тендери не дале резултат и често биле проследени со сомнежи, поради што се разгледува модел на самостојно финансирање, евентуално со поддршка од меѓународни финансиски институции.

„Доколку успееме да формираме синдикат на меѓународни финансиски институции, а разговорите се во таа насока, тогаш реално е да се очекува дека следната година ќе ставиме камен-темелник на овој историски проект…“, истакна премиерот, додавајќи дека производството на електрична енергија во овој случај не е примарен, туку спореден ефект во однос на водните ресурси и наводнувањето во регионот.

Години наназад се правеа обиди за привлекување инвеститори грчки, американски, од ОАЕ…, но поради низа причини, меѓу кои и неприфатливи условувања, активностите останаа без завршница. И покрај тоа, властите постојано опстојуваа на ставот дека државата нема капацитет самата да застане зад реализацијата на проектот. Наспроти експертите кои инсистираа(т) дека тоа мора да се направи самостојно.

Во тој контекст беше и иницијативата на Здружението на инженери, пред две години упатена до Владата и до Собранието, Чебрен да се изгради со сопствени средства, со образложение – не за јавно–приватно партнерство, бидејќи станува збор, пред се, за водостопански, а потоа за енергетски проект.

Целта на ицијативата беше активностите на државните институции кои ќе бидат делегирани за спроведување на овој капитален проект од стратегиски интерес за државата, да се стават во законски рамки за да се овозможи непречена реализација, без оглед која политичка партија ја формира владата. А, при носењето на одлуките, да се води сметка за суверенитетот и територијалната целина на државата.

Исто така, тогаш од Здружението истакнаа: реализацијата на овој проект е предизвик, а државата има капацитет да го изведе преку „интелигентно финансиско управување“; и укаѓаа – проектот е економски исплатлив и општествено корисен од енергетски, водостопански и социјален аспект.

Клучни зборови

  • изградба
  • Христијан Мицкоски
  • Чебрен и Галиште
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk