
ДЗР: Седум од десет проекти финансирани од ФИТР не носат приходи
Фондот за иновации и технолошки развој лани функционирал со сериозни институционални, финансиски и управувачки слабости. Ова го утврди Државниот завод за ревизија, кој за работењето на ФИТР – институцијата која треба да поттикнува иновации и изградба на конкурентна економија, изрази неповолно и мислење со резерва за реалноста и објективноста на минатогодишните финансиски извештаи. „Со извршената










