Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

СЕ ДЕЛЕЛЕ ПАРИ ЗА ФАНТОМСКИ ПРОЕКТИ И ПО ПАРТИСКА ЛИНИЈА – Долг е списокот со злоупотреби на ФИТР

29 окт. 2024 г.·2 мин читање·1163 прегледи

Следете не на Viber

За пет години штета од 3,2 милиони евра му е нанесена на Фондот за иновации и технолошки развој од 60 компании кои добивале пари за фантомски проекти, кои понекогаш биле исти или идентични. На списокот со злоупотреби се и 50 приватни здравствени установи, кои за време на ковид-пандемијата со средства од ФИТР набавувале медицинска опрема, иако законски е пропишано да се финансираат исклучиво старт-ап фирми и бизниси, нагласи в.д. директорот Никола Додов, соопштувајќи ги досегашните наоди од ревизијата која се уште е во тек.

Според Додов, станува збор за компании од сите дејности – градежништво, ИТ, дигитализација, здравство… кои, почнувајќи од 2018 година, ги користеле средствата од Фондот врз основа на фантомски проекти. Што се однесува до приватните здравствени установи, се истражува како добиле пари од ФИТР со кои за своите потреби обезбедиле најсовремена апаратура, и тоа во период кога државните болници имаа сериозни проблеми со недостигот од опрема. Инаку, досега ревизијата утврдила сомнителни договори направени врз база на политичка поврзаност. Конкретно, компанија блиска со претходната владејачка гарнитура била финансирана од Фондот, односно едно лице е поврзано и со други четири компании, а 80 отсто од парите се слевале кај иста фирма, наведе Додов.

Исто така, има и долг за оперативни трошоци од 1,3 милиони евра, за кои се утврдува одговорност. Од средствата за кој е покус Фондот, досега се вратени околу 600 илјади евра. По завршувањето на правните процедури, работа ќе имаат овластените извршители, преку кои ќе оди повратот на парите. Како што вели Додов, се обезбедуваат докази и се подготвува кривични пријави за утврдените злоупотреби.

Со оваа посебна ревизија, посочува Додов, треба да се врати довербата и интегритетот на институцијата.

Клучни зборови

  • злоупотреба
  • Никола Додов
  • фантомски проекти
  • ФИТР
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk