
ДЗР: Милиони од Буџетот за пензии, а минимална грижа – од 2020 година нема стратегија за стари лица
Буџетските трансфери за пензии достигнаа околу 690 милиони евра во 2024 година и ќе продолжат да растат, додека услугите за грижа за старите лица опфаќаат помалку од 1 отсто од оваа популација. Во услови кога државата веќе пет години нема стратегија за стари лица, а населението забрзано старее, ризиците за јавните финансии и социјалната стабилност










