Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен РазвојПензиски Фондови

Приватните пензиски фондови и скопскиот земјотрес

26 јул. 2025 г.·3 мин читање·10313 прегледи

Следете не на Viber

Во самиот центар на Скопје стои еден објект кој преживеал повеќе од половина век – зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со својата монументалност и цврста конструкција, таа е еден од симболите на постземјотресното Скопје.

Се прераскажува урбана легенда дека нејзиниот архитект или инженер бил казнет затоа што потрошил „премногу бетон и арматура“ – повеќе од дозволеното. Во систем со строго планирани ресурси, тоа можело да се смета за прекршок. Но, кога земјотресот во 1963 година го разурна Скопје, токму таа зграда остана речиси недопрена. Митот доби морална димензија: она што изгледало како прекумерен трошок, станало симбол на преживување.

Кога денес вложуваме во својата иднина, кога одделуваме средства кои на прв поглед можеби изгледаат како трошок, всушност градиме нешто што ќе нè заштити утре.
Како што зградата на ССМ ја преживеа најсилната криза поради својата стабилна основа, така и пензискиот фонд создава стабилна основа за иднината на секој поединец.

Капитално финансираното пензиско осигурување – вториот столб – се гради врз исти такви темели: инвестициони стратегии кои не бараат брз раст, туку долгорочна сигурност. Не премногу голем, но ни премногу мал принос. Балансиран, стабилен, отпорен на шокови.

Ако некогаш се случи „финансиски земјотрес“, може ќе се изгреба фасадата – ќе има краткорочни флуктуации – но конструкцијата ќе остане нечепната. Пензискиот систем е дизајниран така што најважното – вашата иднина – да остане сигурна.
И не е можеби случајно што токму во оваа зграда, на последниот кат, во 2005 година се одржуваа првите испити за агенти во капитално финансираното пензиско осигурување. Колку само млади луѓе тогаш, со ентузијазам и верба, започнаа да градат нов систем што на долг рок ќе донесе благодет за целото општество. Тоа беше почетокот на една нова архитектура – не од бетон, туку од доверба, одговорност и визија.

Затоа инвестираме со ум и срце – со знаење, со податоци, со професионализам,
но и со грижа за иднината на секој член. Затоа што зад секој број стои човек,
зад секој процент – нечие достоинствено пензионирање, зад секој стратешки избор – нашата заедничка одговорност.

Затоа градиме на цврсти темели – темели што се планираат внимателно, се следат доследно и се зајакнуваат со време.
Тоа не се само финансиски модели – тоа се вредности: долгорочност, доверба, стабилност.
Како што без темел нема зграда, така без темелно поставен систем – нема сигурна пензија.

  • А најважниот темел од сите: средствата во вториот столб се ваша лична сопственост.
  • Тоа се ваши пари, акумулирани на ваше име.
  • Тоа е темелот што никој не може да ви го одземе.

Затоа капиталното пензиско осигурување е вашата лична зграда – стабилна, отпорна и подготвена за секој предизвик.

Извор: Блог портал: НикогашСами

Клучни зборови

  • втор пензиски фонд
  • пензиски систем
  • Сава пензиски фонд
  • Сава пензиско друштво
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk