Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

АнализиАналитикаЛичен РазвојПензиски Фондови

Правната и економската одржливост на пензиските усогласувања: Меѓу законските обврски и политичките интервенции

18 авг. 2025 г.·2 мин читање·8025 прегледи

Следете не на Viber

Пензијата не е подарок од државата – таа е право што пензионерот веќе го платил однапред со децении работа и придонеси Каде завршува законот и каде почнува политиката Македонскиот пензиски систем во изминатите две години се соочува со сериозни предизвици, кои произлегуваат од суспензијата на законски утврдениот модел на усогласување на пензиите („швајцарска формула“) и воведувањето на линеарно зголемување без соодветна правна и економска основа. Овие промени отвораат прашања за правната заштита на стекнатите права, одржливоста на пензискиот фонд и етичките аспекти на политичкото користење на пензиските политики. Вовед Пензискиот систем е темелна компонента на социјалната заштита и претставува механизам за обезбедување на економска сигурност во старост, инвалидност или семејна загуба. Неговото функционирање се темели на принципите на придонесност, правичност и одржливост. Секоја интервенција во моделот на усогласување на пензиите мора да биде во согласност со законската рамка и да се темели на економски показатели, со цел да се зачува довербата на осигурениците и стабилноста на системот. Законска рамка и швајцарската формула Член 37 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување ја утврдува т.н. швајцарска формула како механизам за редовно усогласување на пензиите врз основа на растот на просечната плата и инфлацијата. Овој модел има за цел да ја задржи куповната моќ на пензионерите и е правно стекнато право, а не дискрециона мерка на извршната власт. Од законска перспектива, суспендирањето на швајцарската формула без јасна и аргументирана правна основа може да се толкува како повреда на начелото на владеење на правото и правната сигурност. Законите за пензиско осигурување обично ја содржат формулата за индексација токму за да се обезбеди предвидливост и стабилност на примањата, а дискреционите интервенции го поткопуваат тој…

Ексклузивна анализа

Продолжете со читање како член

Test test test test test test test test test test test test

Најави се Зачлени се бесплатно

Заборавена лозинка? · Test test test test test test test test test test test test .

Клучни зборови

  • Јадранка Мршиќ
  • линеарно зголемување
  • пензиски систем
  • прв дел
  • усогласување на пензии
  • швајцарска формула
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk