
Сите дефекти ќе бидат отстранети до официјалниот старт на грејната сезона
Грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје официјално започнува на 15 октомври. Согласно постојните прописи, испораката на топлинска енергија може да започне и порано – конкретно, од 1 октомври – доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, според податоците од


