Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Сметките за парно повисоки за 4,5 насто

1 ное. 2023 г.·2 мин читање·634 прегледи

Следете не на Viber

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто. Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

Со корекцијата на цената, на сметка од илјада денари зголемувањето ќе изнесува 45 денари. А, пак, просечна сметка од 1.800 денари ќе биде повисока за 80 денари, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, кој посочи дека не прифатиле голем дел од барањата на компаниите, кои укажувале на повисоките трошоци што ги имаат, па сметале дека крајната цена треба да се зголеми за околу 50 проценти.

„Цената се зголмува поради тоа што има високи трошоци за гас во првите три месеци од годинава и затоа што враќаме дел од позајмиците кои ги дала Владата. Тоа враќање ќе биде чекор по чекор, дали ќе биде во наредните две или три години ќе видиме, за да не се прави ценовен шок“, наведе Бислимовски.

Ако не се користи топлината од ТЕ-ТО тогаш поскапувањерто би било 60 проценти, вели првиот човек на РКЕ. Токму поради тоа се чекаше да почне поставувањето на новиот топловод под „Беласица“.

Освет тоа, Бислимовски смета дека државата ќе ги преземе сите мерки за новиот данок кој го воведе Бугарија за рускиот гас. Сепак, рече, оваа давачка нема да повлече нова корекција на цената на греењето во текот на сезоната.

 

Клучни зборови

  • БЕГ
  • нова цена
  • парно греење
  • РКЕ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk