Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЌЕ СЕ НАДМИНЕ ЛИ ТОПЛИНСКАТА КРИЗА ВО СКОПЈЕ: Премиерот Ковачевски најави дека ЕСМ ја превзема топланата Скопје Север

30 ное. 2022 г.·4 мин читање·1160 прегледи

Следете не на Viber

Проблемот со скопската топлана „Скопје Север“ е надминат, соопшти денес премиерот Димитар Ковачевски. Според премиерот, топланата „Скопје Север“ и АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) ги завршија преговорите и ќе потпишат договор за деловно техничка соработка, со што ЕСМ го презема управувањето со топланата и затоплувањето на нејзините корисници. “Раководството на Топланата „Север“ денеска во 13 часот е на состанок во АД ЕСМ каде треба да ги заврши преговорите, да потпишат договор за деловно техничка соработка и да се обезбеди затоплување на граѓаните во општините Чаир и Бутел, како и на институциите, градинките и училиштата, со оглед на тоа дека ЕСМ го презеде затоплувањето и на тој дел, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за завршување на изградбата на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола“, рече Ковачевски.

АД ЕСМ претходно ги извести граѓаните на Скопје дека испораката на топлинска енергија тече непречено и дека така и ќе продолжи и во следниот период. „За месец декември е обезбеден природен гас од МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС и топлинска енергија од ТЕ ТО. АД ЕСМ продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради финансиски подобрите услови. Ги демантираме написите на ТВ Телма дека гас има за еден ден. Редакцијата пред два доби одговор од АД ЕСМ дека компанијата располага и со гас и со средства за набавка на гас и дека нема никакви проблеми  околу испораката на греење за Скопје во следниот период“, велат од АД ЕСМ.

Поради прекин на греењето од топланата Скопје – Север, вчера во училиштата во Чаир и во Бутел наставата беше прекината. Родителите решиле да не ги пуштаат децата во школо поради ладните радијатори, а проблемот започнал минатата недела и часовите биле скратени. Од Општина Бутел ни изјавија дека проблемот е решен и дека наставата ќе продолжи утре. „Проблемот настана зашто училиштето е приклучено на парно греење на топланата Скопје Север. Таа е под државна капа. Беше стопирана испораката на топлотна енергија зашто градот Скопје и Министерството за екологија не издадоа дозвола да се користат алтернативни начини на греење, а тие имаа набавено мазут и нафта“, соопштија од Општина Бутел.

Денес Министерството за животна средина и просторно планирање, експресно се огласи по повод соопштението од  топланата Скопје Север, од каде ја осудија изјавата на министерот Насер Нуредини кој кажа дека не треба топланата да произведува топлина на мазут. „Во однос на невистините што се изнесени во текстот објавен под наслов „Скопје Север ги осуди изјавите на министерот Нуредини дека не треба да се произведува топлина на мазут“, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека министерот Нуредини на брифингот за новинари што се одржа на 29.11.2022г. во просториите на МЖСПП, на новинарско прашање одговори дека Топлана Север има Б-интегрирана еколошка дозвола издадена од Град Скопје во која се пропишани позитивните правни прописи од националното и европското законодавство за овој индистриски сектор, т. е. снабдување на пареа и топла вода, како и енергенсите што согласно дозволата може да ги користи оваа инсталација. Контролата на исполнувањето на обврските и условите за работа пропишани со Дозволата се во надлежност на инспекциски служби на Град Скопје“, категорични се од МЖСПП.

Во жестоката размена на меѓусебни обвинувања во врска со кризата со снабдувањето со топлинска енергија во Скопје, како што е познато, од топланата Скопје Север претходно реагираа на изјавите на Нуредини. Оттаму го потсетија министерот дека во 2021 во Северна Македонија биле увезени околу 105 илјади тони мазут а во 2022 заклучно со септември над 150 илјади тони, кои првенствено се користат за производство на електрична енергија, која за потсетување на министерот исто така е достапна на слободниот пазар! Токму од неговото министерство се издадени дозволи за користење на тој мазут, беше ставот на Скопје Север.

Клучни зборови

  • Димитар Ковачевски
  • есм
  • МЖСПП
  • Насер Нуредини
  • парно греење
  • топлана Скопје Север
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk