
ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО САД ИСПЛАШЕНИ ЗА СВОИТЕ ЖИВОТИ, откако Илон Маск им ги објави имињата на административците што планира да ги отпушти
Неколкумина вработени во американската федерална администрација изјавија дека се плашат дека нивните животи ќе бидат засекогаш променети – вклучително и дека се физички загрозени – откако Илон Маск ги објави нивните имиња како дел од списокот административци кои планира да ги отпушти кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп официјално ќе стапи на власт во јануари следната








