Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Најголемата европска банка отпушта 35.000 вработени

20 фев. 2020 г.·2 мин читање·67 прегледи

Следете не на Viber

Најголемата банка во Европа, британската HSBC, планира да отпушти 35.000 работници во најголемиот план за реорганизација под водство на Марк Такер, за да се направи заштеда од 7,3 милијарди долари.

Заемодавачот во Лондон ги намалува трошоците за 4,5 милијарди долари на единиците кои имаат лоши резултати во Америка и Европа.

„Делови од нашето работење не даваат прифатливи приноси, затоа работиме на нов план за зголемување на приносите за инвеститорите“, изјави привремениот шеф Ноел Куин.

Банката пријави пад на профитот од 33 проценти во 2019 година, а планираното намалување на работната сила ќе доведе до намалување на бројот на вработени за 15 проценти, односно пад од 235.000 на 200.000 работници.

Наместо тоа, тоа ќе ги потикне инвестициите во Азија, од каде што банката има најголем дел од својот профит, дури и кога постојат ризици поради протестите во Хонг Конг и епидемијата на коронавирусот.

Освежената стратегија е клучна за Такер кога е во прашање трансформација на HSBC.

Банката предупреди дека епидемијата на коронавирусот и економското нарушување во Хонг Конг ќе влијаат на нејзините перформанси во 2020 година.

Акциите на HSBC паднаа дури 3,2 проценти по суспендирањето на откупот на акции за 2020 и 2021 година, кога ќе се случи најголемиот дел од обновата.

Аналитичарите предвидуваат дека HSBC ќе објави прилагодена добивка од 21,8 милијарди долари.

Клучни зборови

  • HSBC
  • Вработени
  • отказ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk