Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Во САД за една недела 3.3 милиони луѓе останаа без работа

27 мар. 2020 г.·2 мин читање·139 прегледи

Следете не на Viber

 

Рекордни 3,3 милиони Американци минатата недела се пријавиле за надомест за невработени лица, што претставува најголем број откази во американската историја.

Досега рекордот беше од 1982 година, кога 695.000 луѓе добиле отказ во иста недела. Бројот од 3,3 милиони невработени е еден од бројните показатели на тоа како ќе влијае кризата со коронавирусот на американската економија, за која конгресот вчера одобри помош од два трилиони, односно 2.000 милијарди долари.

Пред три недели само 200.000 луѓе се пријавиле за невработени, што исто така било рекорд, но позитивен. „Њујорк тајмс“ пишува дека шокантниот број откази не ја отсликува реалната слика на американската економија, бидејќи голем број американски работници не можат да аплицираат за надомест, а се работи за оние кои работат на половина работно време, оние кои имаат многу ниски плати, самовработени и оние кои работат на договор на дело.

Аналитичарите очекуваат дека ова е само почеток и дека следните бројки ќе бидат попоразителни. Речиси сите сојузни држави воведоа делумни или целосни рестрикции на работата, поради што државата губи страшно многу пари, па претседателот Доналд Трамп најави дека веќе околу Велигден очекува укинување на рестрикциите и повторно придвижување на економијата со што не се согласуваат здравствените експерти.

Во Америка моментално заразени со коронавирусот се над 70.000 луѓе, а починаа над илјада.

Клучни зборови

  • коронавирус
  • Невработени
  • отказ
  • САД
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk