
Анета Крстевска: Родовата финансиска инклузија помага да се мобилизира расположливиот развоен потенцијал на економијата
„Првата национална стратегија за финансиска едукација и инклузија 2021 ‒ 2025, донесена од Народната банка заедно со другите финансиски регулатори, ги открива јазовите во финансиската едукација и инклузија од различни аспекти, а меѓу нив и родовиот јаз. Воедно предвидува и мерки за справување со нив“, истакна главната економистка на Народната банка, Анета Крстевска, на панел-дискусија
