Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска во Годишниот извештај за родова еднаквост на престижниот ОМФИФ: Со поголема вклученост на жените до поголем потенцијал на економиите

9 мар. 2021 г.·3 мин читање·1194 прегледи

Следете не на Viber

Во Годишниот извештај за индексот на родова еднаквост во финансиските институции, којшто вчера го објави британскиот тинк-тенк ОМФИФ, е објавено специјално излагање на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, како претставник на централнобанкарската заедница. Во излагањето, таа се осврнува на значењето на родовата еднаквост за продуктивноста и остварувањата на економиите, коментирајќи ги и актуелните состојби на глобален план. 

Ангеловска-Бежоска пoсочува дека половина од работоспособното население во светот се жени, но само 50% од нив учествуваат во работната сила. Притоа, нагласува дека разликите во пристапот до образование, здравствената заштита, финансиите и технологијата, законските права и социјалните и културните фактори, се ограничувачки фактор за остварување на целосниот потенцијал на жените. Истовремено, во излагањето е напоменато и дека пандемијата создаде дополнителни предизвици за жените, имајќи ја предвид нивната релативно голема вклученост во најпогодените сегменти на економијата.

„Нееднаквите можности за жените доведуваат до помала продуктивност и помал раст на економиите. Се проценува дека економската загуба се движи од 10% од БДП во напредните економии до повеќе од 30% во земјите со низок доход. Ова не треба да нѐ изненади, бидејќи истражувањата укажуваат дека поголемата активна присутност на жените на пазарот на трудот носи економски придобивки.” – истакнува гувернерката, притоа упатувајќи и на попретпазливото постапување со ризиците, промислувањето и прагматизмот – особености коишто во истражувањата и анализите се поврзуваат со придонесот на активностите на жените во економиите. 

Како што е наведено во Извештајот, само 18 централни банки на глобално ниво се предводени од жена, а само кај 16% од централните банки, во нивниот совет или во одборот или комитетот за монетарна политика членува жена.

Ангеловска-Бежоска посочува дека во нашата централна банка, жените сочинуваат 57,7% од тимот, а дека жени се на 68,4% од раководните позиции, вклучително и две вицегувернерки. Притоа, таа нагласува дека ваквата полова структура на тимот се должи на политиката на централната банка којашто се заснова на остварувања и вештини на професионалците коишто го сочинуваат тимот. 

„Зајакнувањето на можностите за жените значи обезбедување еднаков и непречен пристап до образование и финансии и ослободување од културни и социјални бариери.” – нагласува гувернерката, упатувајќи и на согледувањата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Стратегијата за родова еднаквост на Европската комисија за периодот 2020-2025 година. 

Во завршницата на излагањето, Ангеловска-Бежоска порачува: „Уверена сум дека со поддршка и еднаков пристап, жените ќе ги зголемат потенцијалот на економиите и благосостојбата во општеството.” 

Инаку, Извештајот на ОМФИФ укажува дека помалку од 1% од водечките глобални финансиски институции имаат остварено родова рамнотежа. Само 2,2% од финансиските институции во глобални рамки имаат постигнато ниво на индексот што покажува дека институцијата е близу до постигнување полова рамнотежа во тимот.

Заклучоците од презентираниот индекс, како што соопштија вчера и од ОМФИФ се јасни: недостатокот на родова рамноправност во финансискиот сектор е структурен, постојан проблем, без разлика дали е во јавниот или приватниот сектор. Потребни се прогресивни политики за да се поправи историската недоволна застапеност на жените и да се изедначат можностите во просторот за делување и деловно остварување.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • гувернерка
  • ОМФИФ
  • родова еднаквост
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk