
ИНТЕРВЈУ: АНИТА АНГЕЛОВСКА БЕЖОСКА: И во најтешките моменти немаше дилема дека стабилноста е нашиот приоритет
Анита Ангеловска-Бежоска во изминатите седум години испиша успешно поглавје во историјата на Народната банка. Во периоди на голема неизвесност и кризи денарот ги зачува позициите, девизните резерви двојно се зголемија, Македонија влезе во СЕПА, развојот на централната банка се одвиваше според европските стандари, институцијата манифестираше отчетност на дневна основа… Покрај сите притисоци, внатрешни и надворешни,










