Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Анета Крстевска: Родовата финансиска инклузија помага да се мобилизира расположливиот развоен потенцијал на економијата

26 мај 2023 г.·2 мин читање·51 прегледи

Следете не на Viber

„Првата национална стратегија за финансиска едукација и инклузија 2021 ‒ 2025, донесена од Народната банка заедно со другите финансиски регулатори, ги открива јазовите во финансиската едукација и инклузија од различни аспекти, а меѓу нив и родовиот јаз. Воедно предвидува и мерки за справување со нив“, истакна главната економистка на Народната банка, Анета Крстевска, на панел-дискусија во рамките на вчерашниот настан на којшто беше промовирана студијата на Европската банка за обнова и развој за реформи на инвестициската клима за родова одговорност / респонзивност (GRICA) во Македонија. Според последното мерење на ИНФЕ-ОЕЦД, кaj познавањето на финансиите жените имаат 53%, а мажите 59% од вкупните бодови, со што родовиот јаз изнесува 6 п.п. (наспроти просекот од 4 п.п. во регионот). Поаѓајќи од фактот дека финансиската едукација е еден од предусловите за поголема финансиска инклузија, во Стратегијата е предвидено осмислување посебни обуки за жените претприемачки. Во просек, во периодот 2019 ‒ 2022 година, на едукативните предавања на Народната банка одржани за време на Деновите на финансиска едукација, врз основа на јавен повик до сите заинтересирани лица, преовладува учеството на женската популација со 61%, што секако е во полза на стеснување на родовиот јаз кај познавањето на финансиите и подобро мобилизирање на расположливиот развоен потенцијал на економијата.

Народната банка вложува силни напори за поддршка на родовата еднаквост во светот на финансиите, со промовирање и градење еднакви можности за жените и мажите и создавање инклузивен финансиски систем. Централната банка, според Индексот на родова еднаквост во финансиските институции на Британскиот официјален форум на монетарни и финансиски институции ОМФИФ, е лидер во светот по застапеноста на жените во раководната структура, посветува особено внимание на зголемувањето на финансиската писменост кај жените преку зголемување на нивните знаења и вештини од областа на финансиите. Народната банка веќе располага со одредени податоци за финансиска инклузија според родова структура и ќе работи на натамошно подобрување на статистиките од родов аспект, како основа за носење одлуки, заради обезбедување поповолна деловна клима од родов аспект.

Презентираната студија на ЕБРД содржи анализа на факторите коишто влијаат врз инвестициската клима од родова перспектива, а воедно дава поддршка и насоки за понатамошните реформи со цел инвестициската клима во Македонија да стане родово одговорна.

 

Клучни зборови

  • ебрд
  • Народна банка
  • ОМФИФ
  • финансиска едукација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk